Судењето против 96-годишнa Германка, поранешна секретарка на командантот на нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф денеска е одложено поради бегство на обвинетата.
Таа се товари за повеќе од 11.000 точки за соучество во убиство. Германските медиуми ја идентификуваа обвинетата како Ирмгард Фурнер.
Окружниот суд во Германија издаде налог за апсење на 96-годишната жена на која и претстоеше судење под обвинение за соучество во убиство во логор на смртта за време на Втората светска војна, соопштија судските службеници.
Ирмгард Фурнер, за која обвинителите велат дека работела како секретарка во логорот од 1943 до 1945 година, во четвртокот наутро ја напуштила својата куќа со такси и отишла до метро станица, изјави портпаролката на Окружниот суд. Нејзината моментна локација е непозната.
Државниот суд во северниот германски град Ицехо во соопштение посочил дека осомничената наводно им помагала и ги поддржувала одговорните во логорот во систематското убиство на приведените, од јуни 1943 до април 1945 година, како стенограф и дактилограф во канцеларијата на командантот на логорот.
Адвокатот на обвинетата за списанието „Шпигел“ изјавил дека судењето ќе се фокусира на тоа дали Ирмгард знаела за злосторствата што се случиле во логорот. Таа претходно изјави дека не била свесна за убиствата што се случиле во кампот додека работела таму.
Логорот Штутхоф бил основан во 1939 година во окупираната Полска. Советските војници го ослободиле пред крајот на војната во мај 1945 година.
Во кампот имало околу 100.000 затвореници, а околу 60.000 луѓе починале од болести и глад. Некои биле задушени со гас, а други биле инјектирани со смртоносни инјекции или во зима биле бркани надвоир без облека, додека не премрзнат од студ.