99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

пред 7 месеци

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за интензивна нега.

„Постојано се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот. Таа стравуваше дека ќе остане сама, особено во болница“, рече Ноелија Вале.

Внуката претпоставува дека нејзината баба се заразила на 99-от роденден на 16 септември, кога семејството се собрало и се напило пијалок на терасата во семејниот стан.

„Мислам дека тоа се случи тогаш, во време кога сите бевме заедно без маска“, рече Вале.

Неколку дена подоцна Мартин почнала да се чувствува слабо и паднала во кревет.

Сепак, таа имала само благи симптоми и оздравела дома во Мадрид, со помош на нејзиното семејство, негувателката Олга Арауз и верното наглуво куче, Луна.

Сега повторно може да ги гледа своите омилени претстави и да игра игри со таблет.

„Добро сум, навистина сум добро“, рече Мартин, а нејзините сеќавања за вирусот се нејасни.

Florentina Martin, a 99 year-old woman who survived coronavirus disease (COVID-19), enters a room at her home in Pinto, near Madrid, Spain, October 20, 2020. Picture taken October 20, 2020. REUTERS/Sergio Perez

Иако нејзината баба се опорави, Вале, биолог, сепак инсистира да носи маска кога ќе ја посети.

„Јас сум сè уште на готовс, но секако чувствувам огромно олеснување“, рече таа.

Со над милион случаи, Шпанија има најголем број на зараза со коронавирус во Западна Европа.

Повеќе од 34.000 луѓе починаа од ковид-19 во земјата, повеќето над 80-годишна возраст.

Share

AniWatch dubbed anime: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 4 (https://aniwatch.pro/m/QW7N/ep-4)

ANIMEFLIX death note animeflix: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2

Scroll to Top