Aмерикански Иранeц обвинет за шпионажа уапсен во обид да го напушти Иран

пред 3 години

Aмерикански Иранeц, кој се соочува со обвиненија за шпионажа во Иран, бил уапсен додека се обидувал да ја напушти земјата, пренесува „Араб њуз“.

„ Обвинетиот беше ослободен со кауција и беше уапсен додека се обидуваше да ја напушти земјата,“ изјави портпаролот на судството, Голамхосеин Есмаили.

Тој не го објави идентитетот на обвинетиот, но, иранските медиуми јавуваат дека станува збор за бизнисменот Емад Шарги.

Уапсениот е меѓу неколкумината иранско-американски државјани за кои се тврди дека се во притвор во Иран, кој беше обвинет од активистите за човекови права за апсење луѓе со двојно државјанство во обид да добијат отстапки од други земји.

Апсењето е прво притворање на американски Иранец по инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, кој се очекува повторно да се ангажира дипломатски со Иран по повеќегодишна политика на максимален притисок применета од неговиот претходник Доналд Трамп.

Share
Scroll to Top