Брканица со автомобили во центарот на Љубљана заврши трагично, откако комбе, за кое се претпоставува дека превезувалo шест мигранти, удрило во семафор, а еден од патниците загинал, јави агенцијата СТА.
Локалната полиција соопшти дека се обидела да запре комбе на автопатот источно од главниот град. Возачот одбил да застане и почнала потера низ Љубљана, по што се завршило со несреќа во центарот.
Првичните информации говорат дека возачот е од Косово и Метохија, а илегално превезувал мигранти. Тој е приведен.