Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

пред 3 часа

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прослави својот 49. роденден во Токио, за време на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи. Такаичи ѝ приреди торта и подароци, а двете лидерки направија заедничко селфи, чија „аниме“ верзија Мелони подоцна ја објави на социјалните мрежи, пренесе Скај њуз.

На средбата беше најавено продлабочување на соработката меѓу Италија и Јапонија во областа на безбедноста, економијата и технологијата. Двете се први жени премиерки во своите држави и најавија унапредување на односите во „посебно стратешко партнерство“.

Фото: ЕПА

Текстот Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top