Карлсон: Обичните Американци се борат со сиромаштијата, а ние плаќаме пензии на Украинците

Moсква не сака да ги коментира тврдењата на Карлсон дека САД се обиделе да го ликвидираат Путин

пред 1 година

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека нема да ги коментира тврдењата на американскиот новинар Такер Карлсон дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се обидела да го убие рускиот лидер Владимир Путин.

„Не разбираме целосно што мислеше Карлсон кога зборуваше за ова. Тој не презентира никаков доказ, така што не можам да ги коментирам неговите зборови бидејќи не е јасно што точно мислеше“, изјави Песков за новинарите на брифингот.

За време на интервјуто, Карлсон изјави дека во последните два месеца од неговиот мандат Ентони Блинкен направил сѐ за да го забрза почетокот на војната меѓу Русија и САД.

„Блинкен беше за вистинска војна обидувајќи се, на пример, да го убие Путин. Она што го направи администрацијата на Бајден беше исто така обид за атентат на Путин“, рече Карлсон нарекувајќи го таквиот потег целосно лудило. Сепак, тој не обезбеди никакви докази за да ги поткрепи неговите тврдења.

Претходно, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини администрацијата на Бајден дека го почнала конфликтот во Украина. Тој исто така нагласи дека нема да дозволи да се повторат грешките направени од претходното американско раководство.

Текстот Moсква не сака да ги коментира тврдењата на Карлсон дека САД се обиделе да го ликвидираат Путин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top