(Oд минута во минута) Нов руски генерал ќе управува со операцијата во Украина, најмалку 52 загинати во нападот на железничката станица

пред 3 години

Клучни податоци:

– Во Макарив, на околу 50 километри (30 милји) од Киев се пронајдени 132 тела
– Властите воведоа полициски час за време на викендот во јужниот пристанишен град Одеса поради заканите од понатамошни ракетни напади
– Украинскиот претседател Зеленски го опиша ракетниот напад на железничката станица Краматорск како уште едно воено злосторство на Русија
– Украина вели дека во тој напад загинале најмалку 50 луѓе, а десетици се повредени
– Европската унија усвои нов сет на санкции против Русија и ентитети поврзани со Кремљ. Деталите беа објавени во петокот. Тие вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување за 216 лица, меѓу кои и двете ќерки на Владимир Путин
– Дмитриј Медведев, близок соработник на Путин, рече дека западните санкции наметнати на Русија се објавување на економска војна

Најнови настани: 

08:42 Во Украина загинале 176 деца

Околу 176 деца биле убиени за време на руската инвазија на Украина, соопшти канцеларијата на главниот државен обвинител. Според овие податоци, уште 324 деца се повредени.

08:30 Русите воведуваат централна команда: Управувањето со силите го презема генерал кој војувал во Сирија

Руската армија ја реорганизира командата на своите операции во Украина, па управувањето со руските сили го презема искусен генерал кој поминал многу време на боиштето во Сирија, изјави западен претставник, а пренесува Би-би-си.

Командата на сите руски сили во Украина сега ќе ја преземе командантот на рускиот јужен воен округ, изјави функционерот, додавајќи дека станува збор за генерал Александар Дворников.

07:30 Украина: Најмалку 52 лица загинаа во нападoт на станицата во Краматорск

Најмалку 52 лица загинаа, а десетици се повредени во нападот на железничка станица во Краматорск, соопштија украинските власти.

Официјални лица претходно известија дека најмалку 50 луѓе биле убиени во нападот на станицата, за која градоначалникот рече дека била преполна со луѓе, од кои околу 4.000, главно постари, жени и деца, кои се обиделе да заминат пред да видат засилени борбите во областа.

Фотографии од местото на нападот покажуваат мртви тела покриени со церади и остатоци од ракета на која на руски пишува „За децата“.

Share
Scroll to Top