Две водечки европски енергетски компании потврдија дека преговараат со рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ за начинот на плаќање на рускиот гас, додека во исто време тврдат дека сакаат да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ, но и новите руски правила кои бараат од западните земји за гас да плаќаат во рубли.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Сметаме дека е можна конверзија на плаќањата во согласност со законот за санкции и руската одредба. ‘Унипер’ ќе продолжи да плаќа во евра oдносно е во разговори со својот договорен партнер (‘Гаспром’) за конкретни модалитети во плаќањето и тоа го прави во блиска координација со германската влада“, соопштија од германската компанија „Унипер“.
Слична порака испрати и австриската ОМВ: „Го анализиравме барањето на ‘Гаспром’ за начинот на плаќање во светлината на санкциите од ЕУ и сега работиме на решение кое е во согласност со санкциите“.
Ваквиот развој на настаните следува откако Русија ги прекина испораките на гас за Полска и Бугарија, со што драматично ескалираше нејзиниот одговор на санкциите што Западот ги воведе кон земјата поради инвазијата на Украина.