Oтсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата, рече Трамп по објавата дека се роднини со Чарлс

Oтсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата, рече Трамп по објавата дека се роднини со Чарлс

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако британскиот таблоид „Дејли мејл“ објави текст во кој, врз основа на истражување на семејното стебло, тврди дека тој е во далечно сродство со британскиот крал Чарлс Трети.

„Вау, тоа е убаво. Отсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата!!! Ќе разговарам за ова со кралот и кралицата за неколку минути!!! Претседател DJT“, напиша Трамп на социјалната мрежа.

„Дејли мејл“ претходно објави дека преку генеалошка анализа утврдил дека Трамп и кралот Чарлс Трети имаат заеднички предци и се во роднинска врска, односно дека се далечни роднини.

Во текстот се наведува дека нивното семејно стебло води до шкотски благороднички линии, вклучувајќи потомци на кралот Џејмс Први од Шкотска од 15 век.

Весникот наведува дека Трамп и Чарлс наводно се поврзани преку повеќе генерации шкотски аристократски семејства, а нивните семејни гранки се спојуваат преку благороднички лози како Стјуарт и Ленокс.

Според оваа реконструкција, станува збор за многу далечно сродство што се протега низ повеќе векови.

Во текстот се споменува и дека Трамп и претходно покажувал интерес за британското кралско семејство и дека за време на претходни средби со членови на монархијата изразувал симпатии кон кралската традиција.

Засега нема официјална потврда од Бакингемската палата за наводите на „Дејли мејл“, а ваквите генеалошки тврдења често се темелат на сложени и понекогаш нецелосно проверливи историски податоци.

Текстот Oтсекогаш сум сакал да живеам во Бакингемската палата, рече Трамп по објавата дека се роднини со Чарлс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top