Абас ги повика САД да ја спречат израелската агресија

пред 3 години

Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас ги повика САД да интервенираат и да ја запрат ескалацијата на конфликтот на Западниот брег и Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

„ Претседателот ја повикува американската администрација итно да интервенира за да се запре израелската агресија за работите да не излезат од контрола“, се вели во соопштението на „Тајмс оф Израел“.

Израелските напади, во кои досега беа убиени повеќе од 100 Палестинци, Абас ги нарече „брутални и планирани убиства извршени од израелски окупаторски сили“.

Share
Scroll to Top