Авион кој летал од Белград кон Москва итно вратен назад по дојава за бомба

пред 3 години

Бомба е пријавена на лет за Москва, а авионот се враќа во Белград. Антидиверзантски екипи се на терен, пренесуваат српските медиуми.

Според последните информации, за време на летот ЈУ-652 од Белград за Москва, кој полетал во 14.15 часот, на аеродромот Никола Тесла пристигнал мејл дека во леталото има експлозивна направа.

Екипажот бил информиран и авионот веднаш се свртел и се вратил во Белград.

Во 14.48 часот слетал на позицијата 3.000, која е предвидена за вонредни ситуации. Во авионот имало вкупно 209 патници и членови на екипажот. Тие се евакуирани, а во тек е увид од Специјалната антитерористичка единица со кучиња.

Авиосообраќајот во Белград, пак, се одвива непречено.

Како што пренесуваат српските медиуми, лицето кое ја пријавило бомбата во авионот го навело и своето незадоволство од односот на Србија кон Русија, со оглед на актуелната ситуација.

Share
Scroll to Top