Авион принудно слета откако патник одби да излезе од тоалетот

пред 3 години

Авион со 134 лица принудно слета во австрискиот град Грац, откако еден од патниците одбил да излезе од тоалетот.

Локалната полиција соопшти дека патникот се заклучил во тоалетот кратко време откако авионот полетал од Кипар за Цирих, Швајцарија.

Капетанот на авионот одлучил да слета во Грац, со цел да се реши ситуацијата.

Патникот излегол од тоалетот по слетувањето на авионот и не објаснил зошто се однесувал така. Во неговиот багаж не е пронајдено ништо сомнително, објави „Брисел тајмс“.

Авионот го продолжи летот по паузата, а споменатиот патник со воз го мина последниот дел од патот.

Share
Scroll to Top