Авион со 12 лица се урна во Мисури, нема преживеани

Авион со 12 лица се урна во Мисури, нема преживеани

пред 1 час

Единаесет падобранци и пилот загинаа при пад на мал авион во близина на аеродром во американската сојузна држава Мисури.

Несреќата се случила кратко по полетувањето, кога авионот не успеал да достигне доволна висина, нагло свртел налево и се урнал на поле на околу 300 метри од пистата.

Станува збор за едномоторен турбопропелерски авион на компанијата Skydive Kansas City, кој по ударот се запалил.

Локалните власти соопштија дека нема преживеани. Во тек е истрага на National Transportation Safety Board за утврдување на причините за несреќата.

Идентитетот на жртвите засега не е објавен бидејќи нивните семејства сè уште не се официјално известени. Несреќата се случила во близина на градот Butler, околу 105 километри јужно од Канзас Сити.

Текстот Авион со 12 лица се урна во Мисури, нема преживеани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top