Австрија го продолжи карантинот

пред 4 години

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на карантинот до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.

Затворањето, кое требаше да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.

Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за вакви мерки.

Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услужни дејности и музеи повторно ќе се отворат, но под строги услови, како што е обврската за носење заштитни маски FFP2 и одржување на растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе почне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе продолжат со учење на далечина.

Share
Scroll to Top