Автобус падна во клисура длабока 200 метри во , над 20 загинати

пред 3 години

Најмалку 21 човек загина, а 12 се повредени кога патнички автобус падна во клисура во централна Боливија.

Ова го објави претседателот на Боливија, Луис Арсе, на својот профил на Твитер и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Автобусот се движел кон градот Килјаколjо кога излетал во клисура длабока 200 метри, пишува Тасс.

Според возачот кој е моментално хоспитализиран, тој изгубил контрола над возилото кога нагло закочил за да избегне судир со друго возило што доцна го забележал поради прашина на патот.

Share
Scroll to Top