„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше мило што ве запознав“, Маск им одговори на Русите откако му се заканија

пред 3 години

Извршниот директор на Тесла и нов сопственик на Твитер, Илон Маск зборува за неговата смрт доколку се случи под мистериозни околности, а ваквата негова реакција е предизвикана од порака што директорот на Роскосмос, Димитриј Рогозин, наводно испратил скриена закана до Маск преку руските медиуми, наведувајќи дека милијардерот им обезбедил на Украинците опрема за комуникација.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше мило што ве запознав“, напиша Илон Маск на Твитер, нешто повеќе од една недела откако го објави купувањето на оваа социјална мрежа.

Пред да го објави твитот, Маск сподели објава од руските медиуми од Димитриј Рогозин, поранешен заменик премиер на Русија и сегашен директор на Роскосмос, во која се наведува дека шефот на SpaceX е вклучен во „снабдување на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема“.

„И за ова, Илон, ќе бидеш сметан за одговорен како возрасен човек, без разлика колку и да се правиш будала“, пишува во објавата.

Како што е наведено во пораката, испораката на опремата на Starlink е извршена од Пентагон. Во февруари, кога изби руско-украинската војна, SpaceX по барање на Украина ја активира интернет услугата на Starlink.

Share
Scroll to Top