Америка воведе санкции кон Белорусија: Забрани издавање на визи за владини претставници

пред 3 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД воведуваат визна забрана за голем број владини претставници во Белорусија, кои, според мислењето на Вашингтон, се вклучени во прогон на дисидентите во странство.

Според Блинкен, санкциите се однесуваат на некои граѓани на Белорусија за учество во сериозни активности против дисидентите во странство.

Стејт департментот не ги именуваше лицата кон кои ќе воведе санкции, повикувајќи се на доверливост на податоците.

„Во согласност со американските закони, евиденцијата за визите спаѓа во категоријата на доверливи информации. Не можеме да дадеме детали и имиња на поединци“ изјави претставникот на Стејт департментот.

Според изјавата на Блинкен, санкциите, кои се совпаднаа со почетокот на Олимписките игри во Пекинг, се применуваат како мерка на одговорност за прогонот на белоруските спортисти.

Механизмот на санкции беше именуван во спомен на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Хашоги, кој беше убиен во октомври 2018 година во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Share
Scroll to Top