Американски Стејт департмент со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“

Американски Стејт департмент со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“

пред 3 часа

Стејт департментот на САД реагира на изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „криминалец“.

Во пораката на Стејт департментот се наведува дека САД се свесни за можните планови на Исламската Република за напади врз американски бази и дека предупредуваат на жестока одмазда.

„Како што претседателот Трамп повеќепати потенцираше – сите опции се на маса. Ако режимот на Исламската Република нападне американска имот или интерес, ќе се соочи со сила што е многу, многу моќна. Ова го кажавме и претходно, го повторуваме: Не играјте си со претседателот Трамп“, стои во објавата на Стејт департментот.

Изјавата следи откако иранскиот лидер Хамнеи го нарече Трамп „криминалец“, обвинувајќи го за штета, клевети и жртви што, според него, им се нанесени на Иранците за време на протестите низ земјата.

Текстот Американски Стејт департмент со остра порака до Иран: „Одмаздата ќе биде многу, многу моќна“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top