Белорускиот суд денеска осуди четворица антивладини демонстранти на затворски казни од 18 до 20 години за тероризам и шверц на оружје, јави белоруската новинска агенција Белта.
Сите четири лица, според Белта, се членови на анархистичка група која запалила неколку полициски автомобили и фрлила молотов коктел врз административна зграда минатата година во време кога илјадници луѓе протестирале против претседателот Александар Лукашенко, пренесе Ројтерс.
Судската седница била затворена за јавноста.