„АстраЗенека“ ја купува американската компанија за лекови „Алексион“

пред 4 години

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ објави дека ја купува американската компанија за развој на лекови „Алексион“, за 39 милијарди долари.

„АстраЗенека“, компанија вклучена во еден од напорите за развој на вакцина против Ковид-19, соопшти дека се користи комбинација на пари и акции за да се купи „Alexion Pharmaceuticals Inc.“ од Бостон.

Одборите на обете компании едногласно ја одобрија трансакцијата, која допрва треба да добие регулаторно и акционерско одобрување, пренесува Бизнис.инфо. Договорот се очекува да се затвори во третиот квартал од следната година.

„ Оваа аквизиција ни овозможува да го зајакнеме нашето присуство во имунологијата“, рече извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сориот.

„Астра Зенека“ и Универзитетот Оксфорд заеднички развија вакцина за коронавирус што ја проценуваат британските и канадските регулатори.

Напорите на двете компании навреме се совпаѓаат со оние на американскиот „Фајзер“ и германскиот „БионТех“, кои веќе добија некои одобренија за итни случаи и другата американска компанија за биотехнологија „Модерна“.

Share
Scroll to Top