Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, кој побегна од Кабул, наводно е во Таџикистан, каде отишол со придружба на автомобили натоварени со пари, соопшти руската амбасада.
„ Четири автомобили беа полни со пари, и тие се обидоа да втурнат дел од парите во хеликоптерот, но не успеаја се да натоварат, па дел од парите останаа“, изјави за портпаролот на руската дипломатска мисија во Авганистан, Никита Ишенко за Спутник Интернешнал.
Неговата изјава доаѓа по она што го даде рускиот специјален пратеник за Авганистан, Замир Кабулов, кој им рече на новинарите дека падот на Кабул е неочекуван, како и дека Русија и многу други земји ја преценија авганистанската армија.
Треба да се потсети дека официјалната позиција на Русија е дека нема да брза да го признае талибанскиот режим. Москва смета дека Советот за безбедност на ОН треба да ги иницира сите понатамошни чекори за тоа прашање.