Бајден меѓу првите се залагал за западна интервенција на завојуваниот Балкан

пред 4 години

Сенторот Џо Бајден уште пред многу други политичари се залагал за воена интервенција против Слободан Милошевиќ, пишува „Индекс.хр“, повикувајќи се на анализи објавени во германските медиуми.

Како член на Комитетот за надворешни работи, Бајден отпатувал на едена недела во Европа во април 1993 година за да добие слика од прва рака за крвопролевањето во војните за време на распадот на Југославија.

Во окупираното Сараево, тој се состанал со Алија Изетбеговиќ, тогашниот претседател на Претседателството на БиХ, а во Белград разговарал со српскиот лидер Слободан Милошевиќ и воениот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Бајден имал тричасовна средба со Милошевиќ во Белград, на која, наводно, го нарекол „воен злосторник“, како што подоцна тврдеше. Тој го повтори ова во својот подоцнежен говор пред Сенатот во 1995 година.

Како што потсетува дописникот на Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ), Михаел Мартенс, извештајот на Бајден за ситуацијата на Балканот би исклучително јасен и далекувиден.

„Доколку владите на НАТО земјите ги следеа препораките на Бајден во тоа време, можеа да се избегнат страшни масакри и десетици илјади смртни случаи на Балканот. Но, предлозите на сенаторот станаа применета политика дури неколку години подоцна“, наведува ФАЗ.

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден минал голем дел од својата политичка кариера како сенатор од Делавер.
Бајден бил избран за американски Сенат во 1973 година и со текот на времето се профилирал како еден од сенаторите кои најмногу се занимаваа со надворешна политика. Тој бил член со години, а потоа претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот и учествувал во формирањето на американската политика во однос на распаѓањето на Југославија и војните што следуваа на овие простори од 1991 до 1999 година.

Според тоа, Бајден е добар познавач на состобите на Балканот, што може значително да влијае на политиката на САД кон регионот ако стане нов претседател на САД, оценува хрватски „Индекс“.

 

 

 

Share
Scroll to Top