Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вечерва имал телефонски разговор со неговиот украински колега, Володимир Зеленски, откако рускиот претседател потпиша указ за признавање на самопрогласените Донецка Народна Република и Луганска Народна Република, соопштија од Белата куќа.
Разговорот меѓу Бајден и Зеленски траел 35 минути, се наведува во соопштението кое го пренесе „Ројтерс“.