Европската комисија предложи активирање на Директивата за привремена заштита на украинските бегалци.
Со тоа ќе се овозможи издавање дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека секој што бега од бомбите на Путин е добредојден во Европа.
„Ќе обезбедиме заштита за оние кои бараат засолниште и оние кои бараат безбеден пат до дома“, изјави фон дер Лајен.
Неукраинските државјани, лицата без државјанство кои легално престојуваат во Украина и не можат да се вратат во нивните земји на потекло, како што се барателите на азил и оние на кои им е одобрена меѓународна заштита и членовите на нивните семејства, исто така ќе можат да добијат заштита во Европската Унија.
За предлогот утре ќе разговараат министрите за внатрешни работи на земјите-членки, а штом ќе бидат одобрени украинските бегалци, тие ќе можат да останат во ЕУ една година, која може да се продолжи на три години, освен ако ситуацијата во Украина се подобрува.