Белгија ги повлече чоколадите Киндер поради можно труење

пред 3 години

Белгиските власти го прекинаа производството на чоколадото Киндер во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро“ даде „недоволни информации“ за неодамнешното труење со салмонела во Европа.

Денеска белгиската агенција за безбедност на храна го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100g и Kinder чоколадни бонбони произведени во Арлон.

Европската управа за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, поврзани со чоколадните јајца на Kinder Surprise.

Share
Scroll to Top