Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека се е подготвено во Белорусија земјата да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина.
„Се чека пристигнувањето на делегациите“, објави белоруското министерство на Твитер, заедно со фотографија од местото каде што ќе се водат преговорите.
Прес секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, претходно најави дека на местото на преговорите во Белорусија се очекува да пристигнат делегациите на Русија и Украина.