Бирократијата во ЕУ достигна рекордно ниво, обемот на законодавството зголемен за 118 отсто

Бирократијата во ЕУ достигна рекордно ниво, обемот на законодавството зголемен за 118 отсто

пред 1 час

Обемот на законодавството на Европската Унија продолжил да расте и во текот на 2025 година, достигнувајќи рекордно ниво. Во последните 15 години тој е повеќе од двојно зголемен, покажува најновиот Индекс на бирократијата на ЕУ.

На крајот на 2025 година, важечките регулативи и директиви на ЕУ опфаќале околу 47.600 страници текст, што е за 118 отсто повеќе во споредба со 2010 година.

Истражувањето го спровел Штефан Вагнер, професор на Универзитетот во Виена, во соработка со бизнис-школата ЕСМТ Берлин.

Главните причини за зголемувањето на обемот на законодавството се прописите за санкции и новите правила поврзани со заштитата на животната средина, правата на потрошувачите и здравството.

Дури и без прописите за санкции, обемот на законодавството на ЕУ во последните 15 години се зголемил за 60 отсто. Истражувањето не ги опфаќа прописите што ги донесува Европската комисија.

„Законодавството на ЕУ расте речиси двојно побрзо од германското сојузно законодавство. Секој што сака да ја намали бирократијата мора да го земе предвид и европското ниво“, изјави Вагнер.

Според истражувањето, доколку се вклучат и прилозите кон прописите, законодавството на ЕУ е повеќе од двојно пообемно од германското сојузно законодавство.

Текстот Бирократијата во ЕУ достигна рекордно ниво, обемот на законодавството зголемен за 118 отсто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top