Американскиот државен секретар изрази надеж дека САД нема да мора да воведат санкции кон Русија, но повтори дека Вашингтон е „подготвен за решителна акција во случај на руска инвазија на Украина“.
Блинкен во Киев изјави дека САД ќе продолжат да вложуваат дипломатски напори за решавање на тензичната ситуација околу Украина и најави продолжување на зајакнунвањето на воената помош за таа земја.
„Нема да ги запреме нашите силни дипломатски напори да спречиме нова агресија и да промовираме дијалог и мировни напори. Истовремено, ќе продолжиме да ги зајакнуваме одбранбените капацитети на Украина и недвосмислено ќе ја повториме цената што САД ќе и ја наметнат на Русија доколку таа не го прифати дипломатскиот пат, односно да изврши неразумна инвазија и да ја дестабилизира Украина без предупредување“, рече Блинкен на прес-конференција во Киев, пренесува ТАСС.