„Боинг“ со 78 патници излета од писта: нов инцидент, повредени 11 лица

„Боинг“ со 78 патници излета од писта: нов инцидент, повредени 11 лица

пред 2 недели

Авион со 78 патници се излизгал од пистата пред полетувањето на главниот аеродром во Сенегал во вторникот. Во несреќата беа повредени 11 лица.

Аеродромот „Блез Дијањ“ издаде соопштение дека причината за несреќата, која се случила околу 3 часот по полноќ, додека „боингот 737-300“ на „Трансаир“, изнајмен од „Ер Сенегал“, требаше да полета за Мали, е под истрага. Снимките на социјалните мрежи покажуваат авион со логото на сенегалската авиокомпанија „Трансаир“ во тревата со крилото покриено со противпожарна пена.

Во соопштението на аеродромот се наведува дека се активирани протоколи за итна евакуација на патниците.

„Аеродромот засега е затворен. Се очекува повторно да биде отворен во следните неколку часа“, се додава.

Текстот „Боинг“ со 78 патници излета од писта: нов инцидент, повредени 11 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top