Бордо се соочува со најголема закана: Огнот се приближува, се подготвува план за евакуација

Бордо се соочува со најголема закана: Огнот се приближува, се подготвува план за евакуација

пред 3 часа

Пожарот во француската покраина Жиронд продолжува да се шири кон Бордо, а локалните власти разгледуваат повеќе можни сценарија, меѓу кои и целосна евакуација на градот доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Портпарол на градската управа изјави дека во моментов се анализираат сите можни насоки во кои би можел да се развива пожарот. Меѓу нив е и евентуално целосно евакуирање на Бордо.

Густ чад веќе се чувствува низ градот, а квалитетот на воздухот значително се влошил, што може да предизвика респираторни проблеми кај жителите.

Претседателот на синдикатот на пожарникари во Жиронд, Себастијан Берже, предупреди дека пожарникарите се преоптоварени поради размерите на огнената стихија.

Во гаснењето се ангажирани околу 1.400 пожарникари, 1.500 војници, 1.700 припадници на безбедносните служби и воздушни противпожарни сили.

Според последните проценки, пожарот досега зафатил околу 42.000 хектари, затворен е дел од автопатот А63 меѓу Бордо и Шпанија во должина од 60 километри, а 220.000 луѓе се евакуирани од областа Жиронд.

Текстот Бордо се соочува со најголема закана: Огнот се приближува, се подготвува план за евакуација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top