Борел: ЕУ мора да го одржи Западен Балкан на европскиот пат

пред 4 години

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ мора да го задржи целиот регион на Западен Балкан на европскиот пат.

„ ЕУ е најдобрата комбинација на политички слободи и економски напредок, како и социјална солидарност во светот“, рече Борел во обраќањето на Форумот во Дубровник, додавајќи дека ЕУ не е совршена, но дека е најдобра, затоа и мора да продолжи со секој што ја споделува својата визија.

Според него, тоа значи дека ЕУ треба да го задржи своето внимание на Западен Балкан и целиот регион на европскиот пат, вклучително и заживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Share
Scroll to Top