Британски пратеник: Мораме да се погрижиме војната во Украина да не се прелее и на Балканот

пред 3 години

Иако ситуацијата во Босна и Херцеговина е загрижувачка, тоа е политичко прашање, а не безбедносна криза, изјави за регионалните агенции, британскиот пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, но додаде дека војната на Русија во Украина е предизвик кој не смее да се прелее на Балканот.

И покрај тоа што истакна дека ситуацијата во БиХ е политичко, а не безбедносно прашање, Пич го поздрави неодамнешното зголемување на бројот на војниците на ЕУФОР во БиХ од 600 на 1.100. Тој истото го нарече „видлива демонстрација на присуство“.

„Ситуацијата во Босна и Херцеговина е загрижувачка. Се разбира, тоа е политичка ситуација, политичко прашање, а не безбедносна криза. Мора да работиме заедно за да спречиме тоа да се случи“, рече Пич.

Поранешниот висок командант на британските воздухопловни сили и поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, Пич беше назначен за британски пратеник за Западен Балкан во декември 2021 година.

Во разговор за медиумите, тој ја осуди „илегалната војна на Русија против Украина“.

„Сите ние јасно ги гледаме трагичните последици за украинскиот народ и треба да го поддржиме на секој можен начин. Ова ја вклучува целата хуманитарна помош обезбедена од Хрватска и многу други европски сојузници и пријатели“, рече тој.

Руската инвазија на соседната земја влезе во четвртата недела, повеќе од три милиони луѓе избегаа, Русија е се поизолирана поради санкциите на Западот, а од мировните преговори засега нема резултати, оценува тој.

„Тоа е навистина трагична ситуација. И војната на нашиот континент е предизвик за сите нас. И треба да бидеме подготвени да работиме заедно за да се осигураме војната да не се прелее и не се прошири на Западен Балкан. Јас сум да работиме со нашите пријатели во регионот тоа да не се случи“, истакнува Пич.

Официјални лица од Европската Унија, Соединетите Американски Држави и ОБСЕ најавија продолжување на разговорите со политичарите во БиХ со цел да се договорат измените на уставот и изборниот закон, со што ќе се отвори патот за продолжување на европската интеграција.

Share
Scroll to Top