Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа

Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа

пред 5 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските лидери, за време на телефонскиот повик на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, дека повеќе не треба да ја финансираат Украина, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори.

Два добро информирани извори рекоа дека Трамп ги критикувал плановите на ЕУ и другите меѓународни сојузници на Украина да помогнат во покривањето на финансискиот дефицит на земјата од 70 милијарди евра за 2027 година. Тие изјавија дека Трамп рекол дека европските земји би можеле да заштедат многу пари ако војната заврши.

За време на телефонскиот повик, американскиот претседател бил во авион враќајќи се од Кина, каде што одржал трилатерален самит со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Шји Џјинпинг.

Трамп, исто така, во четвртокот имаше средба еден на еден со Путин во Кина, кој рече дека состанокот поминал „подобро од очекуваното“.

Западните претставници предупредија пред самитот во Кина дека безбедноста на Украина и Европа може да биде „намалена“ во Пекинг без нивно учество. Во последните недели, Путин побара НАТО да ги повлече трупите од Источна Европа како дел од договорот за завршување на војната, кој Велика Британија и нејзините сојузници го отфрлија.

Во четвртокот, Германија беше домаќин на состанок на околу триесет сојузници на Украина, во време кога Европа сака да го обезбеди своето место на преговарачката маса, но и да обезбеди средства за украинските воени напори.

На покана на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Енди Бернам, сојузниците на Украина се состанаа синоќа во Берлин.

Текстот Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top