Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ

Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ

пред 2 години

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека изјавата на кандидатот за претседател на Хрватска, Ивана Кекин, дека „стратешки интерес на Хрватска е Вучиќ да не е на власт“ ​имплицира дека работат на неговата замена.

Брнабиќ на мрежата Х напиша дека е интересно што во последната недела од кампањата за претседателските избори во Хрватска се занимаваат со тоа кој е претседател на Србија.

Како што нагласи за Ивана Кекин, оваа изјава е дефиниција на терминот „мешање во внатрешните работи на друга држава“ и праша дали некој може да замисли дека за време на претседателските избори во Србија ќе се зборува за тоа кој треба да биде претседател на Хрватска.

Текстот Брнабиќ: Хрватска призна дека работи на смена на Вучиќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top