Бројот на жртви во пукањето во Киев се искачи на седум

Бројот на жртви во пукањето во Киев се искачи на седум

пред 2 часа

Бројот на жртви од пукањето во саботата во Киев се искачи на седум откако уште еден тешко ранет маж почина во болница во понеделник. Трагичната вест ја потврди градоначалникот Виталиј Кличко, објави Ројтерс.

Нападот се случи во саботата кога маж роден во Русија отвори оган од автоматска пушка врз минувачи во зелениот кварт Холосиевски во Киев. Потоа се забарикадира во супермаркет со заложници, каде што полицијата го уби за време на интервенцијата.

„Жртвата беше во исклучително сериозна состојба. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал, не можеа да го спасат“, рече Кличко на апликацијата Телеграм. Тој додаде дека седум лица повредени во нападот се уште се во болница, вклучувајќи едно дете. Четворица од хоспитализираните се на интензивна нега.

Масовните пукотници како овој се исклучително ретки во Украина, а безбедносната служба на земјата соопшти дека инцидентот се истражува како терористички чин. Мотивот за напаѓачот сè уште не е познат на полицијата. Министерот за внатрешни работи Игор Клименко рече дека инцидентот покренал прашања за правото на граѓаните на самоодбрана, како и за тоа како напаѓачот успеал да добие дозвола за оружје.

Текстот Бројот на жртви во пукањето во Киев се искачи на седум е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top