Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се зголеми на 15

Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се зголеми на 15

пред 2 години

Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа што ги донесе циклонот Борис се искачи на 15, а тоа е најлошата поплава во последните две децении на подрачјето од Австрија до Романија.

Во Чешка повеќе од 12.000 луѓе се евакуирани, а четвртина од домаќинствата останале без електрична енергија, јавува „Ројтерс“.

Поплавите од минатиот викенд во Романија однесоа шест животи, а во Австрија загинаа еден пожарникар и двајца мажи на возраст од 70 и 80 години.

Текстот Бројот на жртвите од поплавите во Централна и Источна Европа се зголеми на 15 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top