Бројот на загинати во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру е зголемен на 34, соопшти денеска портпаролот на агенцијата за справување со катастрофи.
„ Според последниот биланс, 34 се загинати, а 17 се водат како исчезнати“, рече тој.
Ерупцијата се случи во саботата, кога повеќе од 10 села беа покриени со пепел и уништени.
Последната ерупција на вулканот Семеру беше во јануари, а тогаш немаше жртви. Индонезија е во Пацифичкиот огнен појас, каде што се чести земјотреси и вулкански ерупции. Архипелагот на Југоисточна Азија вклучува повеќе од 17.000 острови и повеќе од 130 активни вулкани.