Бугарија ќе добие американски течен природен гас (ЛНГ) од јуни, што ќе и’ помогне откако руски Гаспром го прекина снабдувањето со гас, соопшти бугарската влада. Аранжманот бил договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон, пренесе „Индекс“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Вистинските испораки на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на Газпром се договорени од јуни“, се вели во соопштението на владата.
На 27 април, Гаспром ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што одбија да платат во рубли. Бугарија годишно троши околу 3 милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.
Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција. Таа, исто така, ја повика ЕУ да купува гас заедно за да ги направи цените поконкурентни.