Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија

Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија

пред 11 месеци

Велика Британија и нејзините сојузници од Г7 треба да објават дополнителни санкции против Русија, соопшти британската влада, засилувајќи го притисокот врз Москва поради војната во Украина.

Се очекува премиерот Кир Стармер да го објави финализирањето на пакет-санкциите и да каже дека сака да работи со сите партнери од Г7.

Целта е да се исцрпат руските енергетски приходи и да се намалат средствата што може да се инвестираат во војната.

Велика Британија веќе санкционира над 2.300 поединци, ентитети и бродови како дел од санкциите против Русија од инвазијата на Украина во 2022 година.

 

Текстот Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top