Венс од Будимпешта: Војната со Иран ќе заврши многу брзо

Венс од Будимпешта: Војната со Иран ќе заврши многу брзо

пред 4 часа

Американскиот потпретседател Џеј ди Венс изјави дека војната со Иран ќе заврши многу брзо, јавува „Аанадолија“.

„Многу брзо оваа војна со Иран ќе заврши“, рече Венс, додавајќи дека САД во голема мера ги оствариле своите воени цели.

„Постојат два начина на кои ова конечно ќе заврши. Пред сè, Соединетите Американски Држави во голема мера ги остварија своите воени цели. Сè уште има некои работи што би сакале да ги направиме, на пример во врска со иранската способност за производство на оружје, на што би сакале уште малку да поработиме во воена смисла. Но во суштина, воените цели на Соединетите Американски Држави се исполнети“, изјави тој на прес-конференција со унгарскиот премиер, Виктор Орбан во Будимпешта.

Тој додаде дека претседателскиот рок го испочитувале и тие и сите други.

„И тој многу јасно рече дека нема да напаѓаме енергетски и инфраструктурни цели додека Иранците не дадат предлог што можеме да го поддржиме. Но им даде рок до вторник во осум часот. Значи, не мислам дека вестите и островот Харг претставуваат промена на стратегијата или каква било промена од страна на претседателот.“

Во меѓувреме, Доналд Трамп повторно упати закани кон Иран преку социјалната мрежа Truth Social:

„Цела една цивилизација вечерва ќе умре и никогаш повеќе нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“„47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови големиот народ на Иран!“

Трамп претходно се закани дека ќе бомбардира електрани и мостови низ Иран доколку Техеран не го отвори Ормускиот теснец и не постигне договор до вторник во 20 часот по американско источно време, односно во 2 часот по полноќ во Македонија.

Регионалните судири продолжуваат откако Израел и САД започнаа офанзива против Иран на 28 февруари, при што, загинале повеќе од 1.340 луѓе. Иран возвратил со напади со дронови и ракети врз повеќе земји во регионот, предизвикувајќи штети и нарушувања на пазарите и авијацијата.

Текстот Венс од Будимпешта: Војната со Иран ќе заврши многу брзо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top