Вечерта на 13 ноември 2015 година, Париз беше погоден од најсмртоносниот терористички напад во историјата на модерна Франција. Координираните напади, извршени од припадници на „Исламската држава на Ирак и Левант“ на неколку локации во градот и во предградието Сен-Дени, однесоа повеќе од 130 животи, додека повеќе од 490 луѓе беа ранети.
Франција денеска ја одбележува 11-годишнината од најкрвавиот напад во својата модерна историја. Вечерта на 13 ноември 2015 година џихадистички вооружени лица и бомбаши самоубијци извршија серија координирани напади, што кулминираа со крвав напад врз концертната сала „Батаклан“ во источен Париз. Во нападите беа убиени 137 лица.
Тројца бомбаши самоубијци се разнесоа пред стадионот „Стад де Франс“, каде што се одржуваше меѓународен фудбалски натпревар.
Потоа други членови на исламистичката група отворија оган со „калашникови“ врз луѓе што пиеја во барови и кафулиња недалеку од „Батаклан“. Настапот на американската група Eagles of Death Metal штотуку почна кога тројца џихадисти упаднаа и неселективно пукаа во публиката.
Тие исто така зедоа заложници, а кога пристигна полицијата, се разнесоа. Вкупно 137 луѓе беа убиени, само 90 во „Батаклан“, а повеќе од 400 беа лекувани во болница. Безброј други претрпеа психолошка траума.
Зборот „Батаклан“ оттогаш стана синоним во Франција за екстремни исламистички напади, слично како што беше 11 септември во САД.
Иако оттогаш имаше и други напади, како што е масакрот со камион на главната променада во Ница во јули 2016 година и обезглавувањето на наставникот Самуел Пати во октомври 2020 година, нападите од 13 ноември 2015 година се издвојуваат по својот обем и организациски способности.
Комеморации ќе се одржуваат во текот на целиот ден денес на разни места на нападите. Минатата година беше отворена градина во близина на Градското собрание во Париз.
Кога ќе падне ноќта, Ајфеловата кула ќе биде обоена во црвена, бела и сина боја – боите на француското знаме. Француските медиуми се полни со приказни и сведоштва, а преживеаните опишуваат како овие трагични настани им го промениле животот.
Текстот (Видео) 11 години од најкрвавиот напад во модерната историја на Франција, на концерт беа убиени 90 луѓе е превземен од МАКФАКС.





