(Видео) Авионот во кој била Камала Харис поради дефект морал да се врати на аеродром

пред 4 години

Авионот во кој билa Камала Харис морал да се врати на аеродромот поради технички проблем, додека американската потпретседателка патувала за Гватемала, на нејзиното прво меѓународно патување.

„ Добро сум, добро сум“, увери Харис, крена два прста во воздухот и се насмевна по слетувањето, додавајќи сепак: „Сите сме се молеле накратко, но добро сме“.

Таа без многу одлагање долета во Гватемала со друг авион.

„ Тоа е техничко прашање. Ние не сме загрижени за безбедноста на поранешниот сенатор во Калифорнија”, рече нејзината портпаролка, Симоне Сандерс.

Новинар во авионот „Ер форс два“ ​​изјави дека за време на полетувањето се слушнал „необичен шум од опремата за слетување“.

Share
Scroll to Top