Америка испрати 100 т.н „Камикази беспилотни летала“, изјави претставник на американското Министерство за одбрана.
„Наскоро ќе пристигнат во Украина ако веќе не пристгнале“, додаде тој.
„Разговараме со Украина за употребата на овие беспилотни летала во иднина и секако дека ќе ја задржиме таа опција отворена“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Станува збор за мали дронови кои носат боеви глави и паѓаат во цели. Тие можат да се носат во ранец и се лансираат од мала цевка. Најмалиот модел може да погоди цел и до 10 километри, тврди компанијата што ги произведува.
Кирба додаде дека САД обучиле украински војници кои веќе биле во САД, за да можат да користат беспилотните летала. Идејата била тие војници да се вратат во Украина и да обучуваат други.
„Едно лице може да биде соодветно обучено да ги користи овие дронови за околу два дена“, рече Кирби.
Тој додаде дека Америка е „подготвена да разгледа други можности, доколку е потребно, да обезбеди дополнителна обука за работа со вакви беспилотни летала“.