Германската канцеларка Ангела Меркел попладнево слета на аеродромот Никола Тесла во Белград, при што беше пречекана од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а по поздравот, тој ѝ подари букет цвеќе.
Вучиќ на гостинската делегација ѝ посака топло добредојде на германски јазик.
View this post on Instagram
„Со почит, добредојдовте“, ѝ рече Вучиќ на Меркел, подавајќи ѝ го букетот.
Претходно, во пресрет на доаѓањето на Меркел во Белград, српскиот претседател најави дека на германски јазик ќе ја поздрави германската канцеларка и една од најмоќните жени во светот, бидејќи ѝ ветил дека ќе го научи јазикот.
Ова е вторпат Александар Вучиќ да ја пречека Меркел во Белград, претходниот пат беше во 2015 година во улога на премиер.
View this post on Instagram
Вучиќ се сретнал 16 пати со германската канцеларка од 2014 година, пренесуваат српските медиуми.