Жителите што живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, исфрлање карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.
Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.
Indonesia volcano erupts, prompting local evacuations
: FRANCE 24 English
: Tan Wee Guan
: Envato#borneobulletin #southeastasia #asean #sulawesi #Indonesia #mountruang #volcano #erupts #prompting #local #evacuations #video #viral pic.twitter.com/ytfqTkjqKm— Borneo Bulletin (@borneo_bulletin) April 19, 2024
Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.
Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и на југоисток покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.
„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на Руанг и работиме во координација со релевантните актери со цел да се предвидат активности за да се овозможат безбедност и удобност во воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром.
️♂️#Indonesia is on alert for more eruptions of remote volcano. pic.twitter.com/A5hO49fPBX
— talk•time (@zoominfire2) April 19, 2024
Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да падне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.
Во средата Маунт Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и процена на геолошкиот ризик да издаде највисоко ниво на тревога.
На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.
Индонезија, архипелаг од острови, дом на приближно 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани.
Текстот (Видео) Дел од вулкан се заканува да се урне и да предизвика цунами: во тек голема евакуација во Индонезија е превземен од МАКФАКС.