Едно лице загина, а тројца се повредени во напад во близина на западниот ѕид во Ерусалим.
Напаѓачот бил убиен од безбедносните сили.
Поради тоа полициските сили го затвориле Стариот град, јавуваат агенциите.
עוד סרטון מהכניסה להר הבית pic.twitter.com/0yuqSWJdYY
— نير حسون Nir Hasson ניר חסון (@nirhasson) November 21, 2021
Итната помош соопшти дека во престрелката се ранети две лица кои се префрлени на лекување во болница.
Една од жртвите, на возраст од триесет години, со повреда на главата била евакуирана во болница и им подлегнала на повредите.
Медицинскиот центар Хадаса соопшти дека друго 46-годишно лице е во стабилна состојба.
Од шрапнелите полесно се повредени двајца полицајци.
Првичните информации велат дека напаѓачот пукал од импровизиран митралез.