(Видео) Дунав се излеа во Будимпешта: го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот

(Видео) Дунав се излеа во Будимпешта: го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот

пред 4 месеци

Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.

Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите сè уште е сериозна и тешка.

„Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој бидејќи по ова, може да има проблеми“, изјави Орбан.

Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.

Текстот (Видео) Дунав се излеа во Будимпешта: го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top