(Видео) Експлодираше бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

(Видео) Експлодираше бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

пред 14 часа

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала низ целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, Атак, соопшти дека блиската метро станица Теано е затворена по наредба на полицијата.

Текстот (Видео) Експлодираше бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top