(Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати

(Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати

пред 1 година

Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на пристаништето во Барселона утринава, соопштија службите за итни случаи во шпанската област Каталонија.

Се известува дека пожарот предизвикан од експлозијата е изгаснат.

Службите за итни случаи објавија на платформата X дека експлозијата се случила за време на одржување на пристаништето, каде што се натоварени хемикалии, природен гас и рафинирани нафтени деривати.

Градското собрание на Барселона соопшти дека прогласило вонредна состојба поради ризикот од хемиско загадување по пожарот предизвикан од експлозија на транспортен резервоар, пренесе „Ројтерс“.

Текстот (Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top