(Видео) Еруптираше вулканот Етна

(Видео) Еруптираше вулканот Етна

пред 2 години

Вулканот Етна на Сицилија еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но немаше големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров, а нема информации за штета.

На снимката се гледа како лава и остатоци полека течат по планината, а истражувачите ја набљудуваат ерупцијата во близина.

Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу 3300 метри.

Текстот (Видео) Еруптираше вулканот Етна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top